414
Владејачката парија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешниот настан кога на Клиниката во Скопје беше пукано во доктор и порача дека СДСМ и, како што стои во соопштението, нивните медиуми требало да бидат свесни дека нивната црна кампања за здравствениот систем можела да доведе до немили настани како денешниот.
-Истовремено бараме да престане инструираната политичка и медиумска хајка која неколку месеци по ред се води од страна на СДСМ и соросовите медиуми против медицинскиот персонал и здравствените установи, бидејќи на тој начин се генерализира и девелвира работата на здравствените работници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие повикаа и сите политички и општествени субјекти да го осудат овој настан и да не го злоупотребуваат во политички цели.