Мемети: МРТ вршела незаконска наплата на радиодифузна такса

by Фокус

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска реагираше откако правобранителството утврдило противзаконско наплаќање на радиодифузна такса од страна на МРТ.  Македонската радиотелевизија вршела наплата од лица кои немаат обврска да плаќаат како што се иселеници, приматели на социјална помош, хендикепирани и бездомници.

-Уште денес го повикувам раководството на МРТ да ја донесе потребната одлука за отпис на несоновано евидентираните долгови, бидејќи не смее да ги прекршува правата на граѓаните и бесправно да располага со нивните пари заработени од плати и пензии, рече Иџет Мемети.

Народниот правобранител рече дека и кога ќе се утврдело дека нема основ за присилно наплаќање на радиодифузна такса, МРТ одбивала да им ги врати парите на граѓаните. Мемети побара УЈП, Град Скопје и општините при присилната наплата да не одземаат повеќе од една третина од платата или пензијата.

Поврзани новости