Евроамбасадорот Орав утре ќе му го врачи Извештајот на Иванов

by Фокус 21:44
21:44

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав, утре ќе му го врачи Извештајот за напредок на Македонија од Евопската комисија на претседателот Ѓорѓе Иванов. За таа цел, Иванов ќе го прими на средба евроамбасадорот Орав во својот кабинет во Вилата на Водно.

Во Извештајот се очекува Македонија да добие условена препорака за почеток на преговорите. Таа би била условена со целосно исполнување на Договорот од Пржино и спороведување на препораките од Извештајот на Прибе.

- Advertisements -

Според најавите, утре во 9 часот еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел ќе го претстави пакетот за проширување пред Комитетот за надворешни работи на ЕП.

 

Поврзани новости