495
Седницата на Комисијата за прашања за изборите и за именувањата, на која денеска требаше да се изберат членовите на Анкетната комисија за аферата со прислушувањето, беше одложена, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДПА не ги доставиле своите предлози.
Според СДСМ, владејачката партија намерно не предлага членови за да го одолговлече формирањето на ова тело кое произлегува од Договорот од Пржино.
Предвидено е Анкетната комисија за испитување на аферата со прислушувањето да има 16 членови, од кои осум ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ, два од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник. Претседателот ќе биде од СДСМ, а предложен е Петре Шилегов.