Буџетот на пленарна седница: Повеќе пари за плати, пензии, социјална помош

by Фокус

Буџетот за следната 2016 година, за кого пратениците треба да расправаат на денешната пленарна седница, е проектиран на 195.788 милиони денари на расходната страна, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, и на 176.804 милиони денари на приходната страна, каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година.

Буџетскиот дефицит изнесува 3,2 отсто, што е намалувањето во однос на претходната година, кога тој изнесуваше 3,6 отсто, додека, според владата, која се јавува како предлагач, се планира контиунирано намалување во годините што следуваат.

Инаку, за следната година се предвидува зголемување на средствата за плати, пензии, социјална помош и капитални инвестици, а дел од овие средства ќе се обезбедат од задолжувања, бидејќи приходите нема да ги покријат сите трошоци, иако се планира раст кај даночните и неданочните приходи.

И покрај тоа што се предвидува раст на БДП од 4 отсто, опозицијата критикува дека станува збор за неразвоен буџет, кој е скроен исклучиво во функција на предвремените парламентарни избори во април следната година.

Поврзани новости