СДСМ: Груевски сонува бројки сместен на луксузните парцели на Водно

by Фокус

-Според Светска банка, не според СДСМ, 626.312 граѓани ја напуштиле државата поради невработеност и достоинствен живот. Според Светска банка, не според СДСМ, над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден. Но, за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ секој кој ја кажува вистината лаже, па и Светска банка. Груевски сонува бројки, удобно сместен по рајските острови и на луксузните парцели на Водно, во мерцедесот од 600.000 евра и под наочарите од 60.000 евра, стои во денешното соопштение на СДСМ.

Според партијата, во реалноста затворени се над 10.000 домашни претпријатија со што се загрозении најмалку 10.000 егзистенции, а третина од фирмите во земјава се со блокирана сметка.

-Македонија е земја без луѓе. Граѓаните велат доста е, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости