597
Граѓаните на Центар и советниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат заложници на внатрепартиските и внатрекоалициските превирања во опозицијата, а уште помалку на нивната некомпететност да ја водат општината.
Вака реагираат од владејачката партија, откако опозициските советници ја напуштија денешната седница на општинскиот совет, обвинувајќи дека власта насилно го презема мнозинството за да реализира криминални бизниси од 630 милиони евра.
„Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш конструктивно се однесувале и давале придонес во работата на советот. Неоснованите обвинувања и грубите лаги кои беа изнесени само ја покажува нервозата која владее во нивните редови“, стои во соопштението.