778
Откако опозициските советници на општина Центар, на чело со градоначалникот Андреј Жерновски, ја напуштија седницата на советот, 11-те советници на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаа ДУП-овите „Тасино чешмиче“ и „Капиштец-Водно“. Претходно, вмровските советници го повлекоа предлогот за донесување на ДУП-от „Мал ринг“.
Интересно, претседавачот Мирослав Шиповиќ, пак, чија воздржаност за измена на дневниот ред беше причина за незадоволството на опозицијата, која стравуваше дека ќе гласа во корист на ДПМНЕ, се изјаснил „против“, но сепак го обезбедил потребниот кворум.