Нема пречки за одложување на предвремени парламентарни избори договорени на 12 април, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановски, коментирајќи го премиерот Зоран Заев, кој остави можност да одложување на изборите доколку таква потреба се јави поради, како што рече, НАТО-ратификацијата.
-Заев дал ваква изјава што на очиглед на јавноста не е прв пат. Се сеќавате на изјавите кога се колнеше во жицата и децата дека нема да го промени Уставот, па го промени, па на оние прослави за добивање на датум за почеток на преговори, за сега пред неколку денови да се соочиме со тоа дека датум немаме. Ова не му е прв пат, но пречки за избори на 12-ти април нема, тоа го кажа и претседателот на лидерската средба на којашто сите учесници на таа средба, партии консензуално се договорија да има избори. Ова едноставно е само обид на Заев и алиби да и избега на правдата, таа е онаа правда заради која што ги урнисаа сите државни институции во државата – рече Стојановски.