414
Претставници на политичките партии денеска беа на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, во пресрет на утрешната седница која е закажана за 11 часот, за избор на нова влада и новата владина програма.
Од СДСМ како претставник бил Оливер Спасовски, Ејуп Алими од ДУИ, Весел Мемеди од Алијансата на Албанците, Бардул Даути од ДПА, Африм Гаши од Беса, а на состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ.