Четвртоодделенец од Неготино ќе го освојува Олимп

by fokus

Ване Бошев, четвртоодделенец од Неготино, ќе ги освојува познатите грчки планински врвови Митикас, Скала, Сколио и Стефани на Олимп.

Десет годишниот планинар уште како дете ги освојува планините, заедно со неговиот татко Орданчо, во друштво на искусни планинари.

Го познаваат сите алпинисти во земјава, а неговите години никогаш не биле пречка во напорните подвизи. Упорен и издржлив, никогаш не заостанувал зад групата, ниту пак барал било какви привилегии поради возраста.

Затоа и сите го прифатиле како дел од нив, рамноправен со возрасните и искусните алпинисти.

Има постигнато извонредни резултати во планинарењето, и ги има освоено највисоките балкански врвови – Мусала во Бугарија, Триглав, Мојстровка Магарт на Јулските Алпи во Словенија, Алпстиц во Германија, вториот по висина Гроз Вендигер во Австрија, Титов Врв, Пелситер, Солунска Глава…

,,Ване деновиве на фестивалот во Демир Капија постигна одлични резултати во алпинизам, спортско качување, искачи пет смера и се закити со сребрен медал. Нареден предизвик му е планината Олимп во соседна Грција, и веќе се подготвуваме за освојување на четирите познати врвови таму. Подвигот ќе биде напорен, но јас верувам во Ване, а тој има голема желба да го покори Олимп”- вели Орданчо Бошев.

Ване досега се има искачено на околу 100 врвови на Балканот и во Европа.

Покрај Олимп, планирал да го освои и Мон Блан, планина на Алпите, со највисок врв во Западна Европа, од 4.808 метри.

Вики Клинчарова

 

 

Поврзани новости