475
СДСМ ја виде вчерашната порака од народот, а тоа е дека е време е за излез од кризата, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа веќе не може да го сокријат стравот. Народот е тој што ќе избере меѓу најобемната програма и конкретни проекти што ги нуди ВМРО и лагите и манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Се ближи 11-ти декември, а тогаш на денот на изборите, на СДСМ ќе му се случи уште поголем народ. На СДСМ ќе му се случи референдум со кој граѓаните масовно ќе ги казнат за двете години конфликти, блокади и заложништво во кои ја држеа Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.