Ненад Јовановски назначен за нов директор на МЕПСО

by fokus

Доскорешниот заменик-директор, Ненад Јовановски, од денеска ја презема позицијата претседател на Управниот одбор и генерален директор на МЕПСО, инфромираа од компанијата.

-Јовановски својата кариера во МЕПСО ја започна како оперативен водител во Националниот диспечерски центар (НДЦ). Јовановски работеше 12 години во НДЦ, организациска единица од круцијално значење за ОЕПС и за МЕПСО, од каде во реално време и во континуитет 24 часа секојдневно се управува македонскиот електроенергетски систем.  Потоа во период од 2 години Јовановски беше ангажиран во процесите на организирање аукции за расположливи прекугранични капацитети и други процеси за оперативно планирање во ОЕПС. Кон крајот на јануари 2014 година беше именуван за директор на подружницата ОЕПС и за член на Управниот одбор на МЕПСО.  Јовановски е член на бордот на директори наSEE CAO, регионална компанија која организира аукции за закуп на расположливи прекугранични капацитети, а го претставува МЕПСО и во Комитетот за системски операции за управување со електропреносните системи на Европската асоцијација на електропреносни систем-оператори (ЕНТСО-Е), велат од МЕПСО за досегашното искуство на новиот директор.

Јовановски на позицијата генерален директор доаѓа на местото на м-р Синиша Спасов кој четири години управуваше со МЕПСО.

Поврзани новости