557
„Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот кој го ветуваше СДС, регираа од ВМРО-ДПМНЕ два дена по одржувањето на изборите.
– Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите. Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран – се наведува во партиското соопштение.