СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае изборниот пораз

by Fokus 13:56
13:56

Граѓаните гласаа слободно, ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на фер, слободни и регуларни избори, реагираа од владејачката СДСМ.

– Во Република Македонија после долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци. Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја. ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз. Надлежните институции постапуваат согласно надлежностите и во интерес на сите граѓани. Токму брзата реакција на институциите придонесе за навремено и ефикасно расчистување на малиот број инциденти – се наведува во партиското соопштение.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости