Заев: Оваа историска вест ни дава мотивација да се избориме со корона вирусот

by fokus

Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки. Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме, напиша лидерот на СДСМ и доскорешен премиер, Зоран Заев на Фејсбук профил.

-Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз. Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава, напиша Заев.

Поврзани новости