Села: Именувањето на удбаш за нов српски амбсадор во земјава е провокација, УДБА учествуваше во собранието на 27 април

by Фокус

Алијансата за Албанците реагира на именувањето на Раде Булатовиќ за нов српски амбасадор во земјава, бидејќи, според партијата на Зијадин Села, станува збор за поранешен функционер на УДБА.

„Ова е тешка провокација за Македонија како земја и особено за Албанците поради фактот дека во крвавите настани од 27 април се покажа директно вклучување на српската УДБА“, соопштија од партијата.

Оттаму апелираат до премиерот Зоран Заев, како и до претседателот Ѓорге Иванов и другите надлежни инстанци да дејствуваат и да ги преземат сите неопходни мерки за да не се прифати една таква провокација, без претходно да се обелодени улогата на српскиот службеник Живаљевиќ на 27 април.

„Алијансата за Албанците, исто така, смета дека албанската политичка партија на власт ДУИ не треба да молчи пред таквата провокација, туку треба да преземе политичка одговорност и да го оправда учеството во власта“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости