Власта исклучително лошо ја менаџира епидемијата со корона вирусот. Венко Филипче наместо со здравјето на граѓаните се занимава со диктатите на Зоран Заев, на кој му се брза да го ублажи претстојниот пораз. Наместо епидемијата да спласнува, како во повеќето земји од регионот, таа во Македонија се шири. Евидентирани се 17 новозаболени и двајца починати за 24 часа, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Дополнително, евидентен е хаосот, па така починати лица од корона вирус се кријат, па под притисок на јавноста се објавуваат после ден или два. Граѓаните кои се тестираат од корона вирус чекаат со денови за резултати, а често се случува нивните резултати да се изгубат, па повторно да се тестираат. Животот на граѓаните е поважен од политичката кариера на Заев и на Филипче. Прво Македонија ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи на избори Заев и Филипче, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.