Трамп: Со вакцина или без неа, ние се враќаме во нормала

by Frosina Fakova

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се прават сите напори да се најде вакцина против корона вирусот до крајот на годинава, но рече дека САД ќе се вратат во нормала со или без вакцината.

-Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцина или не, ние се враќаме. И ние почнуваме, рече Трамп пренесен од Си-Ен-Ен.

Говорејќи во Белата куќа на настан на кој голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и самиот, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот на САД рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако таа ќе се добие.

Поврзани новости