ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно и неодговoрно однесување на СДС во Собранието

by Fokus

Лицемерното, неодговорно и себично однесување во Собранието на Република Македонија е одлика само на СДС и на никој друг, реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на Томислав Тунтев кој рече дека формирањето на  десет пратенички групи од страна на ВМРО-ДПМНЕ е класична блокада на Собранието и на реформите кои ги очекуваат граѓаните.

„Сите ветувања и очекувања кои што ги даваа на граѓаните за време на изборите сега гледаме дека СДС ниту сака, ниту има намера да ги реализира. Нема ништо од инклузивноста, нема ништо од подадената рака, нема ништо од градењето на консенсзус за клучни прашања за државата, нема ништо од спроведувањето на заеднички реформи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости