Гешковска и Биковски конкурирале за Скопското обвинителство

by Fokus

Обвинителката Гордана Гешковска е кандидат за уште еден мандат од четири години како шеф на Скопското Обвинителство за организиран криминал, на огласот што го распиша Советот на јавни обвинители, пренесува Нова.

Гешковска со Основното јавно обвинителство Скопје веќе раководеше четири години.

Гешковска беше критикувана од јавноста поради начинот на кој Скопското обвинителство ја води истрагата за собраниските настани поврзани со 27 април.

Според НОВА, на конкурсот се пријавил и обвинителот Златко Биковски, кој се појавува во случаите против новинарот Зоран Божиновски и во „Поткуп“ против Зоран Заев.

Поврзани новости