МПЦ тврди дека глисерот не е нивен, туку само „паркиран“ кај Калишта

by Fokus

МПЦ-ОА по бројните критики во јавноста дека Архиепископот г.г. Стефан купил скап глисер со кој плови по Охридското езеро излезе со реакција дека ваквите тврдења не се вистинити.

Епархијата со која раководи Архиепископот, вели дека пловниот објект кој се наоѓа на пристаништето во Калишта на е сопственост на МПЦ, туку на фирмата „Сис Тревал Груп“, а МПЦ отстапила простор за чување на глисерот.

– Имено, очигледно е дека на информаторите единствена цел им е да нанесат штета на угледот и достоинството на Црквата, како и на личноста на Архиепископот. Но заради објективната јавност, ниту Скопската епархија ниту Калишкиот манастир немаат нарачано ниту, пак, платено каков било пловен објект. Во конкретниот случај, станува збор за пловен објект кој е сопственост на фирмата „Сис Травел Груп“, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот, по потреба, истиот да го користи, посочуваат од МПЦ-ОА.

Поврзани новости