ВМРО-ДПМНЕ: Лицата кои беа на црната листа на САД сега се коалициски партнери на Заев

by fokus

Стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ беше членството во НАТО со заштита на нашиот национален идентитет, а сега и членството во ЕУ. И ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ по наредбата на САД кои најавија санкции за непочитување на Преспанскиот договор.

Во однос на прашањето дали ќе го почитуваат Преспанскиот договор од таму велат дека тие се легалисти.

-Имавме во изминатите години искуство со такви санкции, а личностите што беа на црната листа сега се коалициски партнери на Заев. Кога веќе се предвидени санкции и за корупција, би било добро САД да се позанимаваат со фамилијата на власт во земјава, рече Антонијо Милошоски од ВМРО -ДПМНЕ.

Поврзани новости