ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарското однесување на СДСМ е надвор од умот

by Фокус

-Бесрамното однесување на СДСМ продолжува дури и кога ќе бидат фатени „со турнати гаќи“. Ова лешинарско однесување на СДСМ е надвор од умот. Единствените нелуѓе кои „жртвуваат бебиња“ се лудите математичари од СДСМ кои во срамна битка за политички поен плус бесрамно и најдолно лажат, без грам човечност и жал за загубените животи меѓу доенчињата, се вели во реакцијата на владејачката партија на тврдењата на СДСМ за смртноста на бебињата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека според тврдењата на СДСМ,  од 23.596 родени деца во Македонија минатата година, починале 3.997.

-Надвор од умот! Ова го тврдеше СДСМ во соопштението објавено порано денеска забележувајќи неверојатни 14,4% смртност кај доенчињата во Македонија. Џабе СДСМ подолу во сопственото соопштение вели дека мртви доенчиња се вкупно 229 на број. За нив 14,4% од 23.596 се 229, велат од ВМРО-ДПМНЕ и дополнуваат дека смртноста кај доенчињата не е 14 промили, туку 9,9.

Поврзани новости