ЛДП се огради од дејствувањето на Топузова-Кареска во Анкетната комисија

by Фокус

Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска порача дека се оградува од Роза Топузова-Кареска како дел од Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија за утврдување на околностите и наводите поврзани со прислушкуваните разговори.

-Топузова Кареска е таму по предлог на режимот на ДПМНЕ, се со цел да не се расчисти аферата со прислушкувањето и да се блокира работата на Анкетната комисија. Либерално-демократскaта партија, во рамките на 78-та седница, денeска гласаше против составот кој ќе работи во  Анкетната комисија , бидејќи како партија, не сакаме да сносиме историска одговорност за одлуките кои што ќе ги носи Топузова – Кареска во име на ЛДП, се вели во соопштението на ЛДП.

ЛДП утре ќе даде преставка за изигрување на одлуката за формирање на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

-Јасно стои дека еден пратеник треба да биде од независните пратеници, а Топузова Кареска формално не се води како независен пратеник, за што потврдува и веб страната на Собранието на Република Македонија, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости