Министерството за труд ги охрабри вработените да пријават притисоци

by Фокус

Ги охрабруваме и граѓаните и вработените да пријават секаков вид на притисоци, незаконско постапување или барања од претпоставен за незаконско постапување, реагираат од Министерството за труд и социјална политика откако заменик-министерот Диме Спасов ги повика вработените да не постапуваат според упатствата на министерката Фросина Ременски.

-Координацијата на секторите во делот на нивната обврска да одговараат на конкретни прашања на граѓани упатени по електронски пат до Министерството го прават одговорни лица од Кабинетот на министерот со цел навремено и компетентно известување. Професионалното и законито постапување на вработените во Министерството за труд и социјална политика е топ приоритет на министерот и принцип на работа на вработените во Министерството. Секој вработен е должен да пријави незаконско постапување во вршењето на работните задачи, се вели во сооштението на Министерството.

Од Министерството за труд и социјална политика објаснуваат дека со службената мејл адреса и со веб страницата на Министерството управуваат овластени лица за комуникации со јавноста, медиумите и со граѓаните.

Поврзани новости