ВМРО ДПМНЕ лани имаше две прослави за празникот, годинава, една

by Fokus

Ако минатата година за време на државниот празник „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“ ВМРО ДПМНЕ имаше две прослави, од кои едната во Штип, а другата во Скопје, годинава ќе се слави само во Скопје.

Партијата со почеток во 18 часот во просториите на Македонскиот народен театар ќе го одбележи денот на македонската револуционерна борба, а се очекува на прославата да се обрати лидерот Христијан Мицкоски.

Како мало потсетување, лани Мицкоски, кој во тоа време беше Генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, информираше дека главниот настан ќе се одржи во Штип во 13 часот во културниот дом „Ацо Шопов“, на што ќе претходело положување на свежо цвеќе пред споменикот, посветен на основачите на организацијата во Скопје. Во исто време, минатата година, групата реформатори на ВМРО-ДПМНЕ ги повика членовите, симпатизерите на партијата, но и поддржувачите на идејата за ВМРО, на прослава под мотото „Слободни, солидарни, обединети“ во чест на 23 Октомври, истиот ден во 19,30 часот во МКЦ во Скопје.

Груевски пак, тогаш, по повод празникот изјави дека актулената власт бега од славење на празникот.

-Од што се срамат и плашат? Утре е 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирано МРО, подоцна преименувана во ВМРО. ВМРО била и ќе биде заштитник на државните и национални интереси на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија- порача тој лани.

Годинава, се уште се нема огласено во јавност со своја честитка по повод празникот, односно денот кој се смета за основање на ВМРО.

Вики Клинчарова

Поврзани новости