-Во изјавата на Оливер Спасовски има отворени закани до судиите, со јасен обид да ги заплашат. Од тука се гледа дека ако во опозиција вакви закани испраќаат на судиите, какви ли ќе бидат малтретирањата врз судството кога оваа банда би била на власт, реагираат од владејачката партија на пресконференцијата на Спасовски од СДСМ, кој рече дека вчерашната одлука на Судот за отфрлање на доказите против Груевски, Јанкуловска и Мијалков е незаконска.
Од ВМРО-ДПМНЕ велта дека СДСМ била во паника, бидејќи „креираните материјали, согласно важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски“.
-Врз база на законските одлуки судот утврди дека овие креирани материјали се илегални што ќе значи обврска да се утврдат кои лица ги креирале и ги користеле со што ги прекршиле законите на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.