Судот и наложи на Телма да ја врати старата уредничка

by Фокус

Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 2 со која се на телевизија Телма и се наложува да ја врати Емилија Лазаревска на нејзината поранешна фукција – одговорен уредник на информативна програма.

Телевизија Телма ја смени Лазаревска од позицијата и на нејзино место го постави сегашниот директор и уредник, Атанас Кировски, а таа беше распоредена да работи како репортер во утринска програма.

Правното образложение на Судот зошто Лазаревска треба да биде вратена на местото уредник е дека таа била добар новинар. Како доказ за тоа го земале сведочењето на пензионираниот новинар Ристо Лазаров.

Поврзани новости