Спасовски: Одлуката на судот е незаконска, Груевски ги призна своите злодела!

by Фокус 13:58
13:58

Никола Груевски, со барањето да се издвојат доказите од прислушуваните материјали, ја призна сопствената вина за сите злодела што им ги направил на граѓаните на Република Македонија, реагира СДСМ преку генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски.

„Девет месеци Никола Груевски ја лажеше македонската јавност дека прислушуваните материјали коишто го покажаа неговиот криминал се сечени, лепени, креирани, монтирани.

- Advertisements -

Вчера Никола Груевски ја потврди содржината на прислушуваните материјали и на доказите и документите објавени во проектот Вистината за Македонија. Се појави на површина најголемиот страв на Никола Груевски. Соочување со обвинение. Вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 е незаконска.

Судот нема право да постапува по барањето на Никола Груевски и од другите осомничени за издвојување на овие докази во оваа фаза на постапката. Повисоката судска инстанца е должна да донесе одлуки за укинување на ваквите незаконски решенија на судијата во предистражна постапка. Судија којшто спречува правда и помага обвинет во постапка за кривични дела од организиран криминал, според меѓународната судска пракса, се казнува со повисока казна отколку обвинетиот. Со вчерашниот притисок врз судот, Никола Груевски ја покажа намерата за кршење на Договорот од 2 јуни/15 јули.

Груевски нема да ги избегне обврските од Договорот. Овој скандал само ја потврди неопходноста од Специјален јавен обвинител. Специјален јавен обвинител мора да се избере. Материјалите од прислушувањето ќе бидат предмет на постапување на новиот специјален обвинител. Никола Груевски и неговите соработници нема да избегаат од правдата“, рече Спасовски.

Поврзани новости