Кога СДСМ зборува за медиумски слободи е исто како Ал Капоне да зборува за редовно плаќање данок или Заев да зборува за одбрана на името на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека власта ја загушила слободата на медиумите.
-СДСМ е единствената политичка партија која организираше протест пред приватен медиум упатувајќи закани заради уредувачката политика и пред националниот сервис заканувајќи се со насилно преземање на уредништвото на МРТВ. За СДСМ медиумска слобода има само кога во секој медиум ќе има по еден Саше Политико и сите медиуми ќе ги слушаат наредбите на нивниот центар за комуникации, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, СДСМ се обидува да пласира бесмислени тези за немање медиумски слободи во период кога се отвараат нови дневници и неделници финансирани од СДСМ и Сорос.