Тодор Петров нема да ја повлече иницијативата за уставноста на специјалното обвинителство

by Фокус

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, денеска рече дека нема намера да биде дел од дневно-политичките игри и да ја повлече иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на новиот закон за специјално обвинителство, која ја поднел на 21 октомври.

-Зборуваме за сериозно дерогирање на системот, на уставниот поредок на земјата, ова е создавање на паралелни, ад-хок институции, ова е обид да се направи некаков нов систем, нова контрола. Се разбира дека немам намера да ја повлечам иницијативата и ќе ја чекам одлуката на Уставниот суд, изјави за МКД.МК Тодор Петров.

Ваква иницијатива до Уставниот суд претходно поднесе и  адвокатот  Томе Тодоровски од Свети Николе, но по комплетирањето на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева реши да ја повлече.

Поврзани новости