ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради став за една изборна единица кога ќе почнат разговорите меѓу партиските работни групи

by fokus 19:49
19:49

Владејчката СДСМ тврди дека се чека на ВМРО-ДПМНЕ за консензус за менување на изборниот систем и воведување една изборна единица, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партиите се договориле за ова прашање да се дискутира по летните одмори.

-Во однос на моделот на една изборна единица се уште не е разговарано и истиот ќе биде предмет на дискусија помеѓу работните групи по завршувањето на летните одмори и затоа не би можел да Ви дадам конкретен став по тоа прашање. Веднаш штом се отвори и дојде на ред и тоа прашање, ќе го изградиме и ќе Ви го презентираме нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ, изјави портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за „Фокус“.

- Advertisements -

СДСМ пак, е на ставот дека на наредните парламентарни избори треба да се гласа во една изборна единица, а не како до сега во шест во земјата и една во дијаспората.

К.С.

Поврзани новости