Заев: Мисија на оваа Влада е да го промовира спортот

by fokus

Мисија на оваа Влада е да го промовира спортот во Република Македонија, со посебно внимание на младите спортски таленти. Спортот е најдобриот амбасадор посебно за малите држави. Клучно е да ги мотивираме граѓаните, а посебно младите да спортуваат.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев, кој во пресрет на одржувањето на годинашниот „Виз ер скопски маратон“ денеска се сретна со светската шампионка и главен промотор на маратонот Пола Редклиф и со претставници од организацијата на оваа манифестација.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, ги запозна гостите со плановите за развој на спортовите во Македонија преку законски измени, кои меѓу другите мерки опфаќаат и механизми за даночни олеснувања за компаниите кои ќе се вложат во развојот на спортот во Република Македонија.

На средбата присуствувале и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и советниците за спорт и млади Ѓорѓи Тасев и Даниел Димевски.

Поврзани новости