ВМРО – ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако Законот за амнестија се носи со европско знаменце и по скратена постапка

by fokus

Ако Законот за амнестија се носи по скратена процедура и со европско знаменце ќе побарам од Извршниот комитет и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ поддршка за одлуката пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Никаде во Европа нема терористи да ви убијат 5 луѓе од кои 4 деца како што беше случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати да ги пуштаат на слобода со Закон за амнестија. Ќе ве потсетам ако се сеќавате велеа „нема правда нема мир“, ветуваа дека ќе се дознаела вистината за убиството за Смилковското езеро, организираа протести, заведуваа народ, ги лажеа родителите на настраданите, за да сега истите тие се борат за нивната слобода. Да излезат тие и стотици други кои правеле разбојништва, кражби, перење на пари и слично. Ова се последните очајни крици на власта. Овој закон за слобода на криминалци меѓу кои и оние од Монструм за кој нема европско знаменце што значи нема скратена процедура ќе мора да се дискутира во парламентот за него по стандардна процедура ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека ќе го блокира, рече Мицкоски.

 

 

Поврзани новости