ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за измените на законите за образование

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за измените на законите за основно и средно образование, соопшти пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Ваква одлука донеле поради тоа што не им се прифатени два амандмани за обезбедување на компјутери за децата кои немаат и интернет за сите училишта.

– Само затоа што парламентарното мнозинство немаше слух да прифати наши амандмани, ќе гласаме воздржано по овие два закони. Амандмантие беа за обезбедување на компјутери и интернет за сите ученици и со еден од амандманте баравме наместо да пишува „одлучува Владата“, да стои „владата на предлог на минстерот за образовние“ како што впрочем било и до сега. Бараме одговорност од сите кои придонеле за лошата состојба во образованието, рече Ласовска.

Според министерката за образование и наука, Мила Царовска клучната измена во законите е уредувањето на учењети од далечина. Во Собранието во тек е расправа за предложените измени на законите.

Поврзани новости