НБ: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во август

by fokus 17:41
17:41

Вкупните депозити бележат годишен раст од 5,2 отсто, додека, пак, кредитирањето порасна за 6,9 отсто.

-Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 отсто соодветно, соопшти Народната банка.

- Advertising -

Според податоците на Централната банка поголем раст има кај депозитите на домаќинствата во однос на оние на компаниите.

Централната банка соопшти дека вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9 отсто, како резултат на кредитирањето кај двата сектора.

„Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 односно 8,8 отсто“, информираат од НБ.

Поврзани новости