ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција за новите истраги „Тенк” и „Тарифа” што денеска ги покрена Специјалното јавно обвинителство. Според партијата, со ова Катица Јанева уште еднаш покажала дека работела по нарачка на СДСМ со цел да ја зацрнат ДПМНЕ.
-Катица Јанева само потврдува дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното отворање на новите истраги се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на СЈО. Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот Пуч. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев- обвини Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.