Хан: Се надевам на влада врз уставно мнозинство

by fokus 17:19
17:19

Европскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан во обраќањето до Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) рече дека се надева оти наскоро ќе се постигне напредок.

„Што се однеусва до ПЈРМ ние напреднавме со одлучност. Пред две години постигнавме договор со земјата кој има за цел да го поддржи процесот на реформи за да се приближи до ЕУ. Во рамките на тој процес, требаше да одржат предвремени избори, тоа е направено во декември. Сега земјата треба да се стекне со влада и се надевам дека земјата ќе влезе во транзициска фаза која ќе и дозволи да создаде влада која ќе може да се потпре врз едно уставно мнозинство“, рече Хан, пренесе МИА.

- Advertisements -

За да се напредне на патот за членство во ЕУ, нагласи, треба да се реши проблемот со името.

– За тоа ќе биде потребно уставно мнозинство. Се надевам дека во идните недели ќе успееме да забележиме напредок – рече Хан.

На прашањето на известувачката на ПССЕ за постмониторинг дијалогот со Македонија, норвежанката Лиз Кристофересен, како ја оценува политичката ситуација во Македонија по изборите, Хан рече дека се надева оти наскоро ќе биде формирана новата влада.

– Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, поддржана од мнозинството со цел да продолжи да отвора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори едно по друго. Но, потребно е за тоа да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки – рече Хан.

Поврзани новости