ВМРО-ДПМНЕ: Каналите се чистат редовно

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ дека институциите потфрлиле при поплавата и вели дека каналите во општина Гази Баба, Илинден и Петровец се чистат редовно.

-Тоа го знаат и советниците на СДСМ кои на седниците на советите на општините ги гледаат извештаите за исчистените канали и ги гласаат. Тоа што после 12 дена од поплавите, а не 14 како што велат, им се падна улогата да бидат портпароли на некрофилската фабрика за афери на СДСМ е само нивен проблем, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека заклучно со 2016 год. издвоени се 26.600.000,00 денари кои секоја година сукцесивно се префрлаат на ЈП Водостопанство Скопско Поле за чистење и одржување на каналската мрежа.

 

Поврзани новости