Во ДИК досега не се пријавиле ниту 7 000 гласачи, рокот истекува утре

by fokus

Слаб одѕив на граѓаните на повикот на Државната изборна комисија и до претпоследниот ден за пријавување  на спорни гласачи.

Во ДИК до денеска вкупно 6 984 граѓани се јавиле да ги корегираат своите лични податоци.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово.

Останатите 33 321 лице, кое останаа на листата со спорни гласачи можат да се пријават до утре, кога истекува рокот, а во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список.

Поврзани новости