Владејачката партија од денеска ја стартува кампања за изборите на 5-ти јуни на кои е единствен учесник. ВМРО-ДПМНЕ овој пат нема да организира митинзи, туку директни средби со граѓаните.
Од партијата велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата.
Од Социјалдемократскиот сојуз пак, велат дека имаат поинаква стратегија за овој период, но не откриваат детали, освен што потенцираат дека според нив, избори во јуни нема да има.
Инаку, денеска и Брисел се огласи со став дека нема ни минимум услови за одржување на избори и дека нема да ја признае владата што ќе произлезе од изборите.
Сепак, од владејачката партија остануваат на ставот дека избори на 5-ти јуни мора да има. Европската унија, според нив, може да не го признае целиот процес, но зошто да не ги признае резулатите, ако нема никакви инциденти при гласањето.