Вељаноски: Немам право да свикам седница на распуштено Собрание

by Фокус

Барањата да се свика Собранието, откако стана јасно дека на изборите на 5 јуни ќе учествува само коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не го одложија патувањето на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Тој денеска од Рим само повтори дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.

– Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија, изјави Вељаноски, запрашан за актуелната политичка состојба денеска во Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.

Инаку, ДИК во петокот со писмо до Вељаноски побара да свика собраниска седница за измени во Изборниот законик затоа што биле констатирани недоследности во бројот на гласаччите во три изборни единици.