401
Од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение објаснуваат дека лидерот Никола Груевски бил на приватно патување во Италија, каде што со семејството бил поканет на свадба кај личен пријател.
-Како и секој патник на кој било аеродром, времето додека чека го поминува разгледувајќи ги фри шоповите. Изјавите на Шилегов се само уште една во низата клевети со кои крадецот сака останатите да ги претстави дека се исти како него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму во соопштението, партијата го повикува Петре Шилегов од СДСМ да објасни како го стекнал неговиот имот, наместо како што велат, „да сее магла во јавноста”.