Селмани: Власта крои закон со кој ќе ја легализира корупцијата на медиумите

by fokus

 Владата во петокот го усвоила текстот, кој е предложен од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), а се однесува на озаконување на владините реклами.

Предлог-законот најверојатно следната недела ќе се најде пред пратениците, а засега е непознато што точно предлага министерството, а ниту опозицијата воопшто не е консултирана за подготовката на законот за владини реклами.

Според претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) – Насер Селмани, Законот ќе има застрашувачки последици врз слободата на медиумите и ќе значи озаконување на корупцијата во медиумите.

-Донесување на закон за владини реклами во која било форма ќе значи озаконување на корупцијата на медиумите. Тоа ќе биде најголемиот удар врз досегашните напори за ослободување на медиумите од контролата на ВМРО-ДПМНЕ… Не само што со наши пари ќе ги контролираат медиумите, туку во нивните програми ќе промовираат лаги или полувистини.- вели Селмани.

Тој потенцира дека со ваков закон Владата ќе продолжи ја креира уредувачката и кадровската политика на медиумите.

-Владата останува главен уредник на медиумите, исто како што чувме во бомбите дека Сашо Мијалков му ги уредуваше вестите на Латас. Владата ќе одлучува што ќе се објавува во медиумите, а што нема. Груевски ќе спречи каква било критика во медиумите“ – вели Селмани.

Претседателот на ЗНМ порача истите пари што владата ги троши за пропаганда, да ги одвои за помагање на медиумите за прозиводство на поквалитетна програма во интерес на граѓаните и за зајакнување на политичкиот плурализам.

Поврзани новости