ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг надмина 5 милијарди евра

by fokus

Криминалната власт на СДСМ и Зоран Заев докажа дека е најнеспособната во историјата на Република Македонија. Работата на владата e обележана само со неуспеси, падови и уништена економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

-Катастрофалната реализација на капиталните инвестиции продолжува и понатаму да биде уште еден во низата неуспеси на власта. Неспособниот СДСМ во првите 4 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 9,83% од капиталните инвестиции кои самите ги планирале.

Пострашно е тоа што капиталните инвестиции за истиот период минатата година беа само 10,96%, а 2018 беше најлошата година во претходните 10 години. Тоа ни говори дека оваа година власта нема да реализира ниту 30% од капиталните инвестиции и дека 2019 година ќе биде најлошата година во историјата на државата.

Додека граѓаните се незадоволни од неработата на Владата, Зоран Заев ја занимава јавноста со внaтрепартиски комбинаторики и борба за превласт, и тоа единствено со цел да ја избегне сопствената одговорност за катастрофалното водење на државата изминативе две години.

Економијата го допре дното и не се реализираат никакви инфраструктурни проекти. Јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, а граѓаните не видоа никаков бенефит од секојдневните задолжувања.

Нема нови училишта и студентски домови, нема нови болници, а и тие кои останаа пропаѓаат, а нема ниту некакви инвестиции во градежништвото. Додека Заев се слика во соседството на отворање на нови автопати тука не е способен да ги пушти во употреба веќе изградените, а граѓаните се уште ги очекуваат и ветените 600 километри нови патишта.

Парите на граѓаните на Република Македонија наместо за нови проекти СДСМ ги користи за доделување на тендери и ширење на бизнисите на функционерите од власта. Функционерите стануваат се побогати, а граѓаните се посиромашни и веќе повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.

СДСМ донесе економска катастрофа докажа дека не може да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија. Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости