ВМРО-ДПМНЕ: Јанева по нарачка отвора непостоечки случаи

by fokus

Откако Специјалното јавно обвинителство денеска на распит ги повика ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на Сашо Мијалков, владејачката партија свика прес-конференција. На неа ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СЈО работело по нарачка на опозицискиот СДСМ и дека контруирало непостоечки случаи.

-Прашање на време беше кога Заев ќе го активира својот главен изборен адут и кога ќе го притисне копчето за будење од неколкумесечниот сон на Катица Јанева и нејзините соработници. Тоа што го прави Катица Јанева е обичен политички циркус и нема ниту „П“ од право. Се кршат сите законски норми, по нарачка се конструираат непостоечки случаи и се прави театар само со една цел, дисквалификација, дискредитација и оцрнување на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин Зоран Заев и Катица Јанева веруваат дека ќе ја покријат неговата неспособност и дека ќе компензираат барем дел од исклучително нискиот углед кој Заев го има меѓу граѓаните – рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека Јанева сама го „иницирала нарачаниот театар“, со тоа што пред неколку дена испратила повик до медиумите дека „во периодот што следи ќе имало зголемена фрекфенција на лица во СЈО“.

Поврзани новости