Изби вода под Археолошкиот музеј

by fokus 18:47
18:47

Утрово вработените во барокниот Археолошки музеј на Македонија во Скопје ги дочекала вода која избила на плочките пред музејот. Вработени потоа ја чистеле водата, а фотографии од тоа објави Цивил.

Археолошкиот музеј беше дел од проектот „Скопје 2014“ и беше изграден во барок на кејот на Вардар, иако стручни лица предупредуваа дека кејот на Вардар не е погоден за градење, бидејќи има подземни води кои по неколку години сигурно ќе избијат.

Пред Музејот, поплавена беше и една од галиите на Вардар, а вода изби и во подрумот на Македонскиот народен театар.

Поврзани новости