ВМРО-ДПМНЕ ја критикува мерката Мој ДДВ, СДСМ возвраќа дека се арамии

by fokus

Oд ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат мерката на Владата- Мој ДДВ, коментирајќи дека граѓаните со оваа мерка може да добијат во просек 156 денари во месецот, односно 1.872 денари годишно, што значи  никогаш нема да стигнат до бројката од 30.000 денари која Зоран Заев им ја ветуваше.

-За да се оствари ветувањето на Заев дека граѓаните ќе добијат 30.0000 денари од поврат на ДДВ и ќе можат да реновираат соба, да исплатат кредит или да одат на одмор потребни ќе бидат дури 16  години, а не една година, реагираат од партијата.

Од СДСМ пак велат дека ВМРО-ДПМНЕ упорно се противат на социјалните мерки за граѓаните.

-Арамиите од белиот дворец, од ВМРО-ДПМНЕ, упорно се противат на повратот на пари кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е против мерката за враќање на 15% од ДДВ назад кај граѓаните, против тоа 50 милиони евра годишно да завршат кај народот.
ВМРО-ДПМНЕ е против ефтината тарифа на струјата, против тоа 11 милиони евра годишо да завршат кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена социјална помош од 300%.
ВМРО-ДПМНЕ е против можноста за поврат на персонален данок за земјоделците, против тоа 200 милиони денари да се вратат кај земјоделците.
ВМРО-ДПМНЕ е против намалувањето на ДДВ за парното од 18 на 5%.
ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на минималната плата, против тоа 90 илјади работници да земаат поголема плата.
Арамиите од ВМРО-ДПМНЕ се против секоја мерка која носи пари кај граѓаните, во секое семејство.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше, грабаше пари од граѓаните.  СДСМ враќа пари назад кај граѓаните, велат од СДСМ.

Поврзани новости