367
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги демантираат информациите дека преговорите за медиумите течат со директни средби меѓу партиите, како што веќе подолго време се шпекулира во јавноста, а за што денеска реагираше и Здружението на новинари, пишува ПлусИнфо.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, рекол дека нема преговори за медиумите, а истото го рекол и Петре Шилегов од СДСМ. Тој додал дека нивниот предлог за финансирање на МРТ од Буџет бил поддржан од сите партии, само од ВМРО-ДПМНЕ не.
Според неофицијалните информации СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ досега имале неколку средби на кои се разговарало за медумите, а за овие преговори не била запознаена ниту меѓународната заедница.